Објавено на:

(Фото) Започна вадењето на огромна мина од дното на морето кај Риека

t

Утрово со вклучување на сирените започна акцијата на преместување и неутрализирање на преостанатата противбродска мина од Втората светска војна од пристаништето Риека.

Полициската управа Приморско -Горанска објави видео снимка од противбродска мина од пристаништето.

Спроведена е и евакуација на дел од населението заради безбедност и заштита на човечки животи.

Во саботата околу 500 жители беа евакуирани од зградите во зоната на непосредна потенцијална опасност во случај на активирање на мина.

Евакуацијата поминала без проблеми, а повеќето од евакуираните сами организирале привремено сместување, а помал дел биле сместени во една спортска сала на градот

Хрватските медиуми пренесуваат дека во тек се активностите за преместување на заостаатата противбродска мина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицијата трага по лажни медицински сестри кои…

Полицијата трага по две жени кои вчера…

(Фото) Започна вадењето на огромна мина од…

Утрово со вклучување на сирените започна акцијата…

(Видео) Турција на нозе – Инцидент во…

Турскиот рибарски брод „Ахмет Молаоглу 2“ наишол…