(Фото) За влакно избегната трагедија: Залутан куршум го погоди комбето на хуманитарната органзација “Свети Спас”
Немил настан се случил вчера во Охрид кога залутан куршум го погодил комбето на хуманитарната организација “Свети Спас” од Драчево. Како што објасни Отец Оливер на Фејсбук во инцидентот за среќа нема повредени, но апелира никој да не си игра со оружје.
– Денес го посетивме Македонскиот Ерусалим, нашиот прекрасен Охрид, каде што кај нашите волонтери отец Aleksandar Dimoski и отец Romeo PetreskiPadre доставивме вкупно 372 новогодишни пакетчиња кои тие во наредбите денови ќе ги достават до здруженијата Тајните на моето срце, Порака нова, до дечињата од Голо Брдо, семејствата од нашата програма за помош…
За жал, возејќи кон Охрид, имавме мала непријатност… Некој си играл со огнено оружје и залутан куршум го погоди нашето комбе, оштетувајќи ја шофершајбната. Благодарение на Бога, нема повредени во инцидентов, но ова е доказ дека не треба да си играме со оружје и да пукаме во воздух затоа што зрното мора да падне некаде…
Бог нека ни дарува разум за да знаеме што смееме, а што не смееме да правиме во светов!
Бог да ве благослови!!! – напиша Отец Оливер на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…
Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…
Арачиновец погоден од куршум при семејна веселба
Жител на Арачиново синоќа завршил на комплексот…
Да се плаши човек да излезе на…
Во СВР Скопје, вчера во 13:25 часот…
Заскитан куршум заврши во 40 годишен маж…
Од заталкан куршум синоќа бил повреден 40-годишник…
(Видео) Како најпрецизната на светот руска снајперска…
Најиновативното достигнување на руската индустрија за лесно…