(Фото) Зекири пристигна во Кривичниот суд
Генералниот секретар на Владата во оставка, Мухамед Зекири пристигна во Кривичниот суд без најавената полициска придружба.
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција бара притвор за Генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири бидејќи го оштетил буџетот на државата за 800.000 евра.
Неофицијално, Зекири склучил договор во четири очи без спроведување на постапка за тендер за јавна набавка со што ја злоупотребил службената положба во смисла на чл.353 ст.5 в.в. ст.3 и ст.1 од Кривичниот закон на Р.Македонија.
Повеќе за обвинението прочитајте на следниот линк: https://infomax.mk/%d0%bf%d0%be%d0%b7%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%be-%d0%b7%d0%b0-%d1%88%d1%82%d0%be-%d0%be%d0%b1%d0%b2%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%bb%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%82%d0%be-%d0%b3%d0%be-%d1%82%d0%b5%d1%80/