(Фото) Исаура од „Преспав“ стана мајка, ќерката доби име Лена!
Актерката Емра Куртишова стана мајка. Таа денес се породи со ќерката Лена, a веста ја сподели на социјалните мрежи. ” Добредојде Лена, те сакаме до месечината и назад“, вели Емра.
Актерката Емра Куртишова, која публиката ја засака како Исаура, од хит серијата Преспав, пред неколку месеци се омажи за актерот Петар Стојанов, кој и е колега од Театарот за деца и младинци. Интересна е и нивната љубовна прикзана, која неодамна ни ја раскажа.
„Искрено да ти кажам, љубовта почна необично и неочекувано. Во 2018 имаше аудиција за вработување на нови актери во Театарот за деца и младинци. По некоја случајност јас бев дел од жирито и тогаш прв пат го видов Петар. Кога излезе на сцената, си помислив ’види што убав е дечково хаха‘. Морам да признаам дека му личеше сцената и имаше потенцијал за да се вработи и стане дел од театарот. Така и бидна“, ни рече тогаш актерката Куртишова-Стојанова и додава: Нашиот прв заеднички процес во театарот беше претставата „Едвард раце ножици“ каде почнаа првите љубовни искри, ама од негова страна, а јас ’се држев бев ’како незаинтересирана. Тој момент не траеше долго, не можев да му одолеам и се случи љубов. Почнавме да живееме заедно и сфативме дека добро ни оди, па решивме да се земеме“, ни рече Емра неодамна во интревју за Репортер.
Двојката правеше свадба во Гевгелија, од каде што е Петар и на свадбата беа само нивни блиски пријатели и семејствата на младенците.
А.Георгиев
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мачињата предат – Немаат храброст ниту со…
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не смета дека…
Грција предлага противник на Договорот од Преспа…
Портпаролот на Владата го објави предлогот за…
ДУИ со реакција: Вреди уште еднаш покажа…
Од ДУИ денеска реагираат на прес конференцијата…
Колку ќе чинат Смедеревката и Вранецот? МЗШВ…
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска…
(Видео) Владата на Мицкоски се правда –…
Владата ја демантира албанската телевизија „Топ Чанел“…