Објавено на:

(Фото) Италијанските медиуми вријат: Хрватски фудбалери ја прославија бронзата со нацистички и усташки поздрав и песни

t

Добро тиражниот и угледен спортски весник „Газета дело спорт“ ја крена цела Италија на нозе осудувајќи ја глорификацијата на усташизмот и нацизмот од Дејан Ловрен и Марсело Брозовиќ, фудбалери на хрватската репрезентација.

Речиси сите италијански медиуми пишуваа за она што го правеа Дејан Ловрен и Марсело Брозовиќ по освоеното трето место на Светското првенство во Катар и враќањето во Хрватска. Видеото на кое тие извикуваат усташки поздрав „За дом спремни“ и пеат шовинистички песни од Марко Перковиќ Томпсон против Србите стигна и во Италија.

Порталот „СпортМедиасет“ во текстот „Хрватска: Брозовиќ и Ловрен славеа со профашистички песни“ пишува:

„Прекумерното славје, секако непримерно, секако за стигматизација. Дејан Ловрен, поранешен играч на Ливерпул, сега член на Зенит и играчот од средниот ред на Интер, Марсело Брозовиќ предизвика бура. Во видеото кое стана вирално во Хрватска, двајцата играчи се снимени во клубот за време на на прославата за освоеното трето место на Светското првенство извикува „За дом спремни“, што значи „Подготвени за татковината“.

Тоа е фраза проследена со гест со рака што ја користеле хрватските усташи за време на Втората светска војна и традиционално наоѓа место во националистичките и фашистичките кругови во Хрватска. Погрдните зборови се почетокот на песната на Томпсон, пејач кој важи за неонацист. За време на Мундијалот славењето на хрватските играчи предизвика контроверзии. По победата над Бразил во четвртфиналето, избраниците на селекторот Далиќ беа снимени како го пеат текстот на уште една песна на Томпсон, во која се споменува Херцег-Босна, која Меѓународниот суд во Хаг ја означи како криминален проект.

Во продолжение натписите на италијанските весници:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска гради центар за радиоактивен отпад на…

Хрватскиот фонд за финансирање за отстранување на…

(Видео) Страшни пожари ширум Хрватска!

Вчера и денеска во Хрватска, од Омиш…

Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…

Хрватска планира да ги зголеми средствата за…

Хрватка се претставувала како директорка на банка,…

51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…

Наместо на одмор, младите Босанци одат на…

Значително повисоките плати за истата работа, но…