Објавено на:

(Фото) И Шекеринска отиде да ги види изложените воздухоплови на “Стенковец”

t

Македонија како домаќин на најголемата и сложена НАТО вежба, уште еднаш покажува дека нашите армиски капацитети се подготвени и опертивно да одговорат на операции, како и сите наши сојузнички армии, нагласи премиерот Димитар Ковачевски на денешниот Отворен ден за приказ на воздухоплови, што се одржа на спортскиот аеродром „Стенковец“ во Скопје во рамки на вежбата „Брз одговор 22“ („Swift Response 22“) која во моментов е во тек на армискиот полигон „Криволак“.

Граѓаните денеска имаа прилика одблиску да видат дел од воздухопловите кои се активни за време на вежбата, а прелет направија авионите од тимот A-10 Thunderbolt II и F-16.

Меѓу посетителите на отворениот ден на воздухоплови беше и поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тупанчевски нов министер за правда, Шекеринска заминува…

Две актуелни пратенички и една поранешна ќе…