(Фото) И Љутков фотографиран само со бугарското знаме – Која држава ја претставувате министре?!
И министерот за култура Зоран Љутков, за време на вчерашната средба со бугарскиот колега во Софија е фотографиран само со бугарското знаме, иако во Бугарија и министрите за култура и надворешни работи и претседателката Сиљановска Давкова беа како претставници на Република Македонија.
Инаку Инфомакс претходно објави дека министерот за култура, Зоран Љутков, има стан во Бугарија. Согласно бугарското законодавство, поединец не може да стекне недвижност во Бугарија доколку нема бугарско или европско државјанство, или доколку нема правно лице регистрирано во Бугарија. Министерот Љутков претходно демантираше дека има бугарско државјанство или фирма во Бугарија и кажа дека како доказ ќе го приложи договорот за купопродажба, но тоа до овој момент не се случи, иако во неколку наврати побаравме да го приложи договорот.
Во посета на Бугарија вчера беа претседателката Сиљановска Давкова, министерот за култура Зоран Љутков и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунки. Сите беа пречекани без македонско знаме…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) И Љутков фотографиран само со бугарското…
И министерот за култура Зоран Љутков, за…
Филипче: Невидено понижување на државата, претседателката и…
Вчера, при официјалната посета на Бугарија од…
Бугарски националисти викаа и носеа пароли додека…
Националисти и припадници на бугарската ВМРО беа…
„Един народ, двајца претседатели“ – Сиљановска на…
За првпат во историјата на независна Македонија,…
Во Бугарија регистриран прв случај на колера…
Во Бугарија е регистриран увезен случај на…