(Фото) Како на филм: Оперативно-тактичка вежба на македонската и бугарската антитерористичка единица во Охрид

Денеска, во Охрид се одржа демонстрација на Оперативно-тактичка вежба „ХАРПУН 2022” од страна на припадниците на Специјалната Антитерористичка Единица „Тигар“ од МВР на Република Македонија и Специјалниот одред за борба против тероризмот од МВР на Република Бугарија, во содејство со Одделот за воздухопловни единици при МВР на Република Македонија.
ХАРПУН 2022 претставува приказ на решавање на заложничка ситуација од терористичка група од вода, копно и воздух. Ова е втора заедничка демонстрација на вежба од ваков вид за оваа година, а првата се одржа во јуни 2022 година во Софија, напиша на Фејсбук миистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– На вежбата присуствувавме заедно со заменик министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Венцислав Катинов, по што остваривме работен ручек на кој заеднички се согласивме дека ваквите заеднички активности треба да станат одржлива практика бидејќи придонесуваат за развој и зајакнување на директни и редовни контакти и продлабочување на практично ориентирана интеракција во борбата против терористичките закани. Ова е особено важно и за двете земји, бидејќи како соседни земји и Република Бугарија и Република Македонија се соочуваат со заеднички безбедносни предизвици и тие бараат заеднички напори.




Ги оценивме високо односите меѓу Република Бугарија и Република Македонија во областа на внатрешните работи, со уверување дека активниот и отворен дијалог ќе продолжи и ќе се надградува и во иднина, обединети околу потребата од проширување на професионалните контакти за сите прашања од заеднички интерес.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конечно добри вести: Двајца од повредените кои…
Двајца од повредените во пожарот во кочанската…
Повеќе од 600 ЛУЃЕ во Бугарија дарувале…
Нема значителна промена во општата состојба на…
Бугарија: Преку 500 луѓе досега дале крв…
Над 500 граѓани во Бугарија досега дарувале…
Таравари од Бугарија: Двајца пациенти се екстубирани…
Двајца од жртвите во пожарот во Кочани,…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…