(Фото) Како што доликува за мајка на Градот: Арсовска секојдневно заедно со народот во одбрана на македонските национални интереси!
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, секојдневно дава поддршка на демонстрантите кои протестираат против францускиот предлог.
Како што претходно истакна Арсовска, Скопје е град на слободата.
“Скопје е град на слободата, солидарноста, соживотот и дал бројни жртви за новите генерации да живеат достоинствено во слободна Македонија.
Македонија има направено премногу компромиси да биде дел од семејството на ЕУ, таму каде што ѝ е местото.
Досега премногу отстапки се направени за да отпочнеме процес составен од 35 поглавја и уште толку препреки за приклучок кон ЕУ. Премногу често некој носи одлуки за иднината и одлучува за судбината на македонскиот народ спротивно на неговите интереси.
Затоа за македонскиот јазик, за идентитетот и за достоинството на македонскиот народ никогаш и под ниту еден услов не смее да се преговара.
Достоинството нема цена, а ако цената е по патот кон ЕУ е да се изгубиме себеси, губејќи сè врз што се темели Македонија како независна држава, тогаш таа цена е превисока.
Не може. Доста е.
ДА за ЕУ, НЕ за уцени, отстапки и компромиси за сметка на македонското достоинство!”, истакна Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вилма Pусковска се приклучи на протестниот марш…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
НОВ НЕПРИСТОЕН ПРЕДЛОГ ОД ВЛАДАТА ДО СИНДИКАТИТЕ:Додаток…
Поради тоа што дел од вработените во…
(Видео) „Врапчињата знаат дека има огромен синџир…
Врапчињата знаат дека има огромен синџир на…
Протестен марш на семејствата на загинатите денеска…
Во сабота, 25 април со почеток од…
Протест во Тетово: Дали требаше да се…
Во Тетово се одржа протест на група…