(Фото) Командирот кој пушти убиец да избега од затвор, на Илинден малтретираше македонски народ на Мечкин Камен!

t

Командирот Срѓан Димитриески кој пушти да избега УБИЕЦ беше дел од параполицијата што малтретираше народ на Илинден, објави на Фејсбук генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска.

– Пред 3 дена во интервју, директорот на Управата за санкции Марјан СПАСОВСКИ призна дека знае за Димитриески дека бил осуден за мито и избркан од ПС Бутел. Сепак, според Спасовски, тоа не било спорно и требало посериозен прекршок за да го избрка?!

За Димитриески се разви претходно скандал дека претепал затвореник Ром додека бил на смена.

Насилници, бандити и партиски послушници ни ја “чуваат” безбедноста.

Stevo Pendarovski ова е тоа партизирана полиција? – пишува Мојсоска на Фејсбук.

На Илинден за време на церемонијата која се одржува на Мечкин камен полициски и параполициски структури “ги чуваа” функционерите од голоракиот македонски народ.

Три реда полиција и партиско обезбедување беа потребни за да се чува стравот од голоракиот македонски народ кој со знамиња и транспарентни во раката, пееше патриотски песни.

Инцидентите на Мечкин Камен започнаа откако на униформираните полицајци од параполициските структури на Сокол за кој никој не знае во кое својство биле на прославата добија наредба да се потисне народот во позадина.

Во тој момент Македонците на Мечкин Камен пееја и извикува Македонија…

Ситуацијата ескалираше со физички напад од аскерот на Сокол врз народот и екипата на Инфомакс.

Повеќе за настаните на Илинден на линковите во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ