(Фото) Комисијата ја продаде историјата: Бугарскиот провокатор објави што ќе стои во македонските учебници за Цар Самоил и неговото царство?!

t

Бугарскиот провокатор со фашистички идеи, Виктор Стојанов дел од бугарската Фондација Македонија на својот Фејсбук објави наводен дел од записникот на Заедничката комисија за историја со Бугарија.

Тој го објави заклучокот за Цар Самоил истакнувајќи дека наскоро македонските деца ова ќе го учат во историските читанки.

-Цар Самоил е владетел на голема средновековна држава, која што поголемиот дел од современата историска наука ја смета за бугарско царство со центар во територијата на денешна Република Северна Македонија. Таа опфаќа значителен дел од земјите и населението на Балканскиот Полуостров. Цар Самои и неговата драматична судбина се симбол на заедничката историја која што ќе се споделува од двете современи држава Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Заедничката комисија им предлага на двете Влади, во духот на потпишаниот двостран Договор, одбележувањето на цар Самоил да биде знак на споделени вредности и вистинско добрососедство и пријателство, стои во објавата на Стојанов за која тој тврди дека е дел од записникот на историската комисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Евакуирани дел од американските дипломати во Израел

Двајца американски претставници велат дека владин авион…

Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…

Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…

Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…