(Фото) Крадците снимени на камера, од МВР ни трага ни глас: Пријавете доколку ги забележите, секоја информација е вредна

t

Кога институциите не си ја вршат својата работа граѓаните се самоорганизираат на социјалните мрежи па си помагаат меѓусебно, во случајов бараат крадци.

Крадци кои крадат церада за автомобил се снимени на безбедносни камери, случајот е уредно пријавен во полиција, но иако ликовите на крадците се целосно видливи и препознатливи досега нема некаква реакција од МВР, ниту известување дека истите се пронајдени, пишува на Фејсбук Филип Ивановски.

– Кога институциите не си ја вршат својата работа…

Здраво на сите,

Претпоставувам голем дел од вас се веќе запознаени дека периодов низ Скопје на големо „оперираат“ крадци кои од ден на ден земаат се поголем замав како никогаш досега. Очигледно е дека се охрабрени од отуството на полицијата на терен и од неспособоноста на МВР да го спроведе законот на дело.

Па така, кога институциите потфрлаат и од полицијата нема соодветна реакција, граѓаните се приморани да преземаат сопствени мерки за справување со ваквите нелегални активности.

Изминатата недела (понеделник кон вторник) извршена е кражба на ул. “Владимир Каваев” во населба Влае, Општина Карпош при што е украдена церада за кола. Крадците се снимени на безбедносни камери за време на извршувањето на кривичното дело без притоа око да им трепне.

Иако личниот опис на крадците јасно се гледа на камерите, полицијата се уште не може да ги пронајде. Па ве замолувам доколку ги препознаете, или пак ги имате забележано луѓето од приложените слики подолу да ми се обратите по порака, за полесно и побрзо истите да бидат пронајдени. Ви ветувам дека вашиот идентитет ќе биде заштитен.

Секоја трага и информација ќе ми значи во потрагата по разбојнициве!

Ви благодарам на помошта! – стои во објавата на Фејсбук.

ЛИНК од објавата и за контакт во случај да ги препознаете крадците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

20-годишници ограбиле куќа во Кавадарци

На 02.04.2023, полициски службеници од ОВР Кавадарци…

Деца од 8 до 12 години украле…

Деца на возраст од 8 и 12…