(Фото) Куче три дена си ја чека спасителката покрај нејзиниот автомобил, не знае дека нема да се врати

t

Куче три дена лежи крај автомобилот на неговата спасителка која почина во Кавадарци, вака емотивно објавија денеска од Здружението ,,Шепи 2021″ од Кавадарци.

Дека кучето е најлојален и најверен пријател на човекот сведочат многу примери! Ова е кавадаречкиот Симба, кој веќе трети ден лежи покрај автомобилот на неговата спасителка Билјана Галабова, очекувајќи ја да дојде…Срце да ти се крши!, посочија од Здружението.

Фотографијата е направена од активистката за заштита на животните, Билјана Миркова. Во изјава за МИА, таа нагласи дека Галабова, инаку музејски работник, а почина деновиве, беше голем љубител на животните и благодарение на неа, беа спасени многу бездомни животни.

Фото: Билјана Миркова

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хакери тврдат дека збришале 90 милиони долари…

Хакери кои веројатно имаат врски со Израел…

Килијан Мбапе итно хоспитализиран во САД

Реал Мадрид донесе одлука да го префрли…

Малку пари биле – Нотарите бараат зголемување…

Нотарите бараат зголемување на дел од тарифите,…

Усвоен ребалансот на буџетот, Владата ќе троши…

Владата го усвои предлог ребалансот на буџетот…

СДСМ го осудува насилството и сценаријата на…

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува…