(Фото) Македонија на Олимписките игри во Париз – последно обраќање пред заминувањето!
Во овој момент се одржува прес-конференција на Македонската делегација која ќе патува на Летните олимписки игри во Париз.
Триста и шест олимпијци од регионов ќе има на Летните олимписки игри во Париз. Македонската делегација ќе брои 6 натпреварувачи од кои четири мажи и две дами.

За Македонија на Летните Олимписки Игри ќе настапат: пливачот Никола Ѓуретановиќ и пливачката Ева Петровска кои добија вајлд-карта од Светската пливачка федерација (ФИНА). Ѓуретановиќ ќе плива на 27-ми јули во квалификации на 400 метри слободно а Петровска на 2-ри август во трката на 800 метри слободно.

Покрај нив во Париз Македонија ќе ја претставуваат уште и Владимир Егоров (борење, од 5-ти до 10-ти август). Егоров ќе настапи со олимписка А-норма, тој има бронзен медал од Европско првенство 2019 во Будимпешта и златен медал од Европско првенство 2022 во Будимпешта.

Потоа Милијана Рељиќ во таеквондо (од 7-ми до 10-ти август), Еди Шерифовски во џудо (од 27-ми јули до 3-ти август), Анастасија Мојсовска во стрелање (28-ми јули, во дисциплина пукање од 10 метри со воздушна пушка, 60 истрели) и атлетичарот Дарио Ивановски кој трча маратони (ќе настапи на 10-ти август).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…
Прекината истрагата за Панчо од ДНК
Обвинение за 34 физички и три правни…
„На здравје за молкот“
Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…