(Фото) Македонски Ми-24 забележан во арсеналот на Украина
На телеграмскиот канал Милитери информер (Военный Осведомитель, воен информатор), кој има над 620.000 корисници, се појавија фотографии од поранешните македонски борбени хеликоптери Ми-24 во украинските вооружени сили, што претставува прва документирана потврда дека овие хеликоптери се испорачани и дека најверојатно се ремонтирани и воведени во оперативна употреба, барем некои примероци.
За потсетување претходно беше најавено дека Македонија ќе им предаде 12 хеликоптери Ми-24 на вооружените сили на Украина, кои ги набави во Украина во 2001 година“. Во последната објава на социјалните мрежи со фотографијата која покажува двајца маскирани припадници на украинските вооружени сили со дрон пред Ми-24 се гледа дека се работи за поранешен македонски хеликоптер и може да се заклучи врз основа на карактеристичната боја што ја добија овие хеликоптери по ремонтот.
Инаку владата на Македонија донесе одлука во првата половина на 2023 година да ѝ донира на Украина 12 борбени хеликоптери Ми-24, попопуларните „летечки тенкови“.
Поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска тогаш изјави дека станува збор за хеликоптери произведени во 1984 година, кои се купени од Украина во 2001 година, „но на повеќето од нив им се истечени ресурсите пред осум години, што значи дека не се користат поради недостаток на резервни делови“.
„Некои од нив се модернизирани, поточно два, но оваа модернизација беше прилагодена на тогашните услови и апсолутно не одговара на моменталните потреби, дури и да сакаме да зборуваме за развој на технологии“, сметаше тогаш министерката додавајќи дека „донацијата на хеликоптери МИ-24 нема да ја поткопа безбедноста на земјата и дека хеликоптерската борбена единица што ќе ѝ биде донирана на Украина повеќе не е дел од армиската формација“.
Инаку Македонија и донираше на Украина и четири јуришни авиони Сухој Су-25, како и тенкови Т-72.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Овој дел од лубеницата е корисен за…
Фрлањето на белиот дел од лубеницата, велат…
(Видео)Парада на гордоста во Будимпешта: Десетици илјади…
Оваа година се одбележува 30-годишнината, а поради…
Реки студенти и граѓани во Белград, „Славија“…
Протестот „Се гледаме на Видовден“, кој го…
iPhone 17 Air ќе има батерија од…
Веќе подолго време се знае дека iPhone…
Додека во Србија се протестира Вучиќ игра…
Додека во Белград се оддржуваат протести, претседателот…