(Фото) Мигрантите ја одбегнуваат Македонија: За 35% намален борјот на обиди за влез во земјава

t

Државните органи за безбедност немаат одговор како е можно големи групи на мигранти без проблем да ја преминуваат добро чуваната и оградена грчко-македонска граница. Мигрантите, искористувајќи поволни ситуации и слаба безбедност на јужната граница, успеваат да влезат во земјава и да транзитираат низ неа. Дел од нив, за жал умираат на патот до нивната цел, а дел пак завршуваат повредени во низа сообраќајќи и железнички несреќи.

Тројца Кубанци, двајца Индијци, седуммина Пакистанци и 13 Сиријци се откриени во изминативе 20 дена во обид илегално да влезат во земјава и од овде да заминат во некоја од земјите на Европската Унија. Откако биле приведени во станица, мигрантите времено биле сместени во прифатниот центар „Винојуг“ крај Гевгелија, а после неколку дена биле вратени во Грција. Моментално во двата кампови за згрижување мигранти („Винојуг“ крај Гевгелија и тој кај кумановско „Табановце“) има десетина мигранти кои се откриени од пограничните служби откако илегално влегле во земјава и чекаат да бидат вратени кај нашиот јужен сосед од каде и незаконски дошле во Македонија.

Државните органи за безбедност немаат одговор како е можно големи групи на мигранти без проблем да ја преминуваат добро чуваната и оградена грчко-македонска граница. Мигрантите, искористувајќи поволни ситуации и слаба безбедност на јужната граница, успеваат да влезат во земјава и да транзитираат низ неа. Дел од нив, за жал умираат на патот до нивната цел, а дел пак завршуваат повредени во низа сообраќајќи и железнички несреќи.

Од полицијата велат дека ги преземаат сите неопходни мерки за спречување на обидите за илегален влез на мигранти преку македонско-грчката граница. Токму за овој регион и токму поради оваа проблематика постојано се продолжува кризната состојба.

Мигрантите кои своето времено засолниште го најдоа во Грција, а не можат да заминат кон нивната крајна цел – земјите од ЕУ, преку планината Беласица и ридовите близу Дојран, па постојано во групи, се обидиваат, а некои и успеваат да ја поминат границата.

Легалниот влез на мигрантите во Македонија од Грција одамна е забранет. Секој мигрант кој ќе биде откриен, се депортира назад во Грција. Во нивниот илегален поход кон земјите од Унијата, како што за „Слободен печат„ велат од македонската полиција, за паричен надоместок имаат поддршка од добро организирани криминални групи, кои во соработка со нивни „колеги“ од Грција ги наведуваат по која рута е најбезбедно да се помине.

Падините на планината Беласица не се заштитени со висока ограда, обвиена со дополнителни заштитни мрежи, што го олеснува минувањето на мигрантите. Според она што и е познато на македонската полиција, во различни временски интервали во текот на едно деноноќие, групи мигранти сочинети од по 15 до 70 лица, преку козји патеки ја минуваат границата. Штом ќе успеат во овој дел од планот, тие се преземаат од членови на македонски банди кои во зависност од бројот на мигрантите, за сума од 100 до 300 евра по човек ги товарат во патнички или товарни возила и се обидуваат да ги пренесат до македонско-српската граница

– Во првото тромесечие од оваа година споредено со истиот период лани има намалување на трендот на обидите за илегални преминувања за 35 отсто. На границите со соседните земји, спречени се 20.874 обиди за илегално преминување, најмногу во текот на првиот квартал (март и април) и третиот квартал од годината (септември и октомври 2021 година). Модусот на движење остануа непроменет, мигрантите најчесто е во ноќните и раните утрински часови ја поминуваат државната граница и го користат временскиот период кога се врши смена на патролните тимови на МВР – велат за „Слободен печат“ од полицијата.

Според старосната граница, најбројни се оние младите-работоспособните на возраст од 20 до 40 години. Повеќето од откриените мигранти се од машки пол, речиси 70 отсто, а остатокот се од женски пол.

Од МВР додаваат дека најголем број на илегални обиди за влез на мигранти во земјава има на јужната граница. Точно 18.424 мигранти лани сакале илегално да влезат во Македонија. Најризично подрачје кое мигрантите го користеа во 2021 година за илегално преминување е во реонот на селото и граничниот пункт „Богородица“, односно пограничните села во гевгелискиот регион, поради поставеноста на стационираните кампови во близина на Солун и камповите во близина на граничната линија со нашата држава.

– Цените за кои криумчарите го вршат превозот на македонската територија се од 60 до 1.500 евра по лице.  При криумчарењето најмногу се користат илегални премини на т.н. „зелена граница” во околината на Гевгелија и Струмица, а оттаму со помош на водичи т.н. „качаци”, координирано жртвите ги носат на претходно утврдени и договорени локации. Организаторот и членовите на криминалната група го договараат преземањето на мигрантите од овие локации и со патнички и товарни моторни возила ги превезуваат до локации во Кумановско-липковскиот регион каде мигрантите се прифаќани и времено сместувани и засолнувани. Понатаму мигрантите се криумчарат преку територијата на Р.Србија кон државите на ЕУ. Паричните средства за транспорт на мигрантите од 500 до 700 евра по лице, биле исплаќани преку агенти за брз трансфер на пари или во готовина – велат од полицијата.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија отвора камп за мигранти од Италија

Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…

Британец и неговата сопруга пpетеpале мигрант со…

Брачниот пар е обвинет за расистички напад…

(Видео) Хаос во Англија: Опожарен хотел со…

Поголема група демонстранти против мигрантите упаднаа во…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Германската фудбалска легенда нема да се врати…

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Германецот Тони…