(Фото) Мицкоски во кампања за “неговиот човек” Биљал Касами – ниту едниот, ниту другиот официјално немаат објавено ништо
Ексклузивно до Инфомакс попладнево беше доставена фотографија на која се гледаат премиерот, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами како тераат кампања во Тетово.
Интересно е што досега ова Мицкоски не го направи со ниту еден градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ туку токму на Касами се одлучи на ваков начин да му ја води кампањата.
Инаку досега ниту Касами, ниту Мицкоски немаат официјално на нивните профили објавено дека заедно се во Тетово во потрага по гласови.
Најава немаше ниту од Владата за денешната посета на премиерот на Тетово.
Мицкоски има неколку милиони причини да ја крие оваа средба со Касами имајќи во предвид дека Касами го продаде тетовскиот Монопол за неколку илјади евра иако неговата пазарна вредност се брои во милиони.
Касами продаде и ексклузивна локација во центарот на Тетово за само неколку стотина илјади евра иако истата чинеше милиони.
Сепак премиерот Мицкоски замижа пред овие два огромни скандали и се одлучи лично да ја работи кампањата на Касами.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Мицкоски во кампања за “неговиот човек”…
Ексклузивно до Инфомакс попладнево беше доставена фотографија…
Трендафилов: Минималната плата мора веднаш да се…
Минималната плата во државата мора веднаш да…
Јапонија ќе добие прва жена премиер –…
Поранешната министерка за економска безбедност на Јапонија,…
Анастасов: Имаме најдобра социјална програма во цела…
Имаме најдобра социјална програма во Македонија, истакна…
ДУИ: Мицкоски и ВРЕДИ се алатки на…
Владата вчера соопшти дека премиерот Мицкоски и…