(Фото) На големо се пуши во Влада: Изет Меџити фотографиран со пепељара во канцеларија

t

На социјалните мрежи осамна фотографија од првиот вицепремиер Изет Меџити фотографиран со граѓанин. На фотографијата се гледа пепељара што упатува на тоа дека во Владата на големо се пушат цигари.

Соогласно Закон ниту министрите, ниту било кој службеник има за право да пуши во затворена просторија на своето работно место.

Со Законот за заштита од пушењето се уредува заштитата од штетните дејствија на пушењето на тутун и други производи од тутун врз граѓаните, зачувувањето на здрава животна средина, забрана на пушењето во јавни простории и забрана за рекламирање на цигарите.

Ова не е изолиран случај во кој Меџити не ги почитува законите, Уставот и правилата во Владата.

Претходно албанското знаме се најде на централна позиција на таканаречена координација на првиот вицепиремиер на министрите од коалицијата Вреди.

Вицепремиерот Изет Меџити најави дека почнале со редовна координација со министрите на ВЛЕН, како што рече, за да се исполнат програмските определби.

Се поставува прашањето дали Република Македонија има две паралелни Влади, односно дали ние впрочем живееме во две различни држави една со главен град во Скопје и друга како што велеше градоначалникот на Тетово, Биљал Касами со главен град на албанците во Тетово. Дали на едната држава премиер е Христијан Мицкоски, а на другата премиер е Изет Меџити.

Имено на ВМРО-ДПМНЕ и лично на премиерот Христијан Мицкоски устата им беше полна во предизборието со обвинувања дека СДСМ е помалиот партнер во Владата на ДУИ, дека во Република Македонија се случува процес на мајоризација на Македонците и дека ДУИ не ги почитува државните симболи и законот.

Дополнително Мицкоски ја плашеше македонската јавност дека Македонија има два премиера едниот во Мала Речица одговорен за случувањата во Западна Македонија, а дугиот во Скопје одговорен за останатиот дел од државата

Сепак денес немаше никаква реакција од Мицкоски за албанското знаме среде македонската Влада на средба на министри на Република Македонија, ниту пак за параинституционалниот пристап на Изет Меџити и коалицијата Влен.

Смешно беше и објаснувањето на Мицкоски се уште постои функцијата прв вицепремиер иако соогласно Закон и Устав такво нешто не смее и не може да постои.

На кратко тој посочи дека тоа е незаконски, но сепак било дел од џентлменски договор помеѓу него и Влен.

„Според законот којшто е важечки, претседателот на Влада има заменици, а џентлменскиот договор во рамките на коалицијата е да има прв вицепремиерот и тоа ќе биде Изет Меџити. Но, тоа е надвор од законот, законот вели дека премиерот има само заменици. Она што досега е работено на диво и незаконски нема да биде пракса во работењето на оваа влада. Но, да, џентлменскиот договор во нашата коалиција и нашето функционирање е таков“, рече Мицкоски на поставувањето на камен темелник на школо во Драчево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

16 пожари во Македонија, само 6 се…

До 13 часот денеска, евидентирани се вкупно…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

Неколку здравствени институции добија нови директори

Министерството за здравство информира дека министерот Арбен…

Награда од три милиони денари за младите…

Владата на денешната седница донесе одлука на…

Камала Харис го избра кандидатот за потпретседател

Дури четворица блиски до Харис тврдат дека…