(Фото) Не е Украина туку Бутел: Рафали се слушаат секојдневно како во војна, жителите вознемирени – Ќе реагира ли некој?!
До редакцијата на Инфомакс пристигнаа информации дека и вечерва, како и пред неколку денови повторно имало рафално пукање.
Околу 22 ччасот во Бутел се слушнале рафални истрели по кратко време на улица “Петар Манџуков” во куќите со број 35б и 73 додека луѓето си седеле во дворовите слушнале тропање по керамидите и во еден момент им паднале пред нозе две зрна од пиштолска муниција.
Вознемирени жителите повикале полиција која за брзо време испратила на увид еден полицаец кој повика увидна екипа за да ги утврди фактите и да ги подигне зрната.
Пред неколку денови жители на Бутел пријавија дека во текот на целиот ден во скопската населба Бутел се слушаат рафали од автоматска пушка.
-Вака е веќе неколку месеци, знаеме дека има свадби и прослави, но ова веќе е неподносливо, ни посведочи средовечен маж.
-Па војна да имаше вака немаше да се пука, полицијата се прави како ништо да не слуша, работат ли нешто тие полицајци, страв ми е детето да го извадам во парк, се плашам дека ќе го погоди некој заскитан куршум, вели во телефонско јавување една мајка за порталот “Курир”.
Останува да видиме дали МВР ќе преземе мерки за “смирување” на пукачите кои секојдневно ги вознемируваат бутелчани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сообраќајка во Бутел, се судрија две возила
Сообраќајка на раскрсница во скопската населба Бутел…
СДСМ: Ново пукање во Чаир, ДПМНЕ е…
ДПМНЕ е опасност по безбедноста на граѓаните,…
Костовски од Бутел потрошил, речиси, 27 000…
Костовски од Бутел потрошил, речиси, 27 000…
Убоди со нож и пукање – Обид…
Поднесена е кривична пријава од страна на…
Дали ќе имаме мир овие празници? Огромни…
Од таму апелираат, пред се до учениците…