(Фото) Ништо од “црвениот бран” на Републиканците: Мртва трка во Сенатот, конечни резултати по неколку денови или недели!

t

Рамнотежата на силите во Конгресот сè уште виси на конец еден ден по американските избори на кои Републиканците очекуваа бран на победи кој очигледно не се случи.

Како што продолжува пребројувањето на гласовите, се предвидуваше дека демократите ќе освојат клучно место во Сенатот во Пенсилванија.

Резултатаите за клучните места во Сенатот остануваат премногу блиски, а републиканците треба да освојат само едно место за да ја преземат контролата.

Републиканците сепак водат во бројор на освоени мандати во долниот дом.

Овие избори ќе ја обликуваат судбината на Бајден, пишуваат американските медиуми.

Републиканците сè уште можат да ги соберат петте места што им се потребни за да го освојат Претставничкиот дом, но партијата досега не успеа да го стори тоа бидејќи демократите забележаа победи во висококонкурентни области.

Во битката за Сенатот, досегашните резултати покажуваат дека демократ Џон Фетерман – кој се опоравува од мозочен удар, води пред славниот доктор Мехмет Оз поддржан од Трамп во клучната Пенсилванија.


Друга критична трка во Сенатот, меѓу демократот Рафаел Ворнок и републиканскиот противкандидат Хершел Вокер во Џорџија.

Која партија има влијание во горниот дом на Конгресот може да не се знае со денови, па дури и со недели.

Се очекуваше републиканците да ги задржат гувернерите во клучните држави Тексас, Флорида и Џорџија.

Рон ДеСантис од Флорида и Грег Абот од Тексас се идни можни републикански кандидати за претседател.

Демократската кандидатка во Џорџија, Стејси Абрамс, му ја препушти трката на републиканскиот гувернер Брајан Кемп.

Излезните анкети покажаа дека главните прашања за гласачите биле инфлацијата и абортусот.

Ова се досегашните резултати според неколку медиуми:

Борбата за Сенатот (100 места)
FOX: Демократи 48 – Републиканци 48
NBC: Демократи 48 – Републиканци 47
CNN: Демократи 48 – Републиканци 47

Борбата за Претставничкиот дом (435 места)

FOX: Демократи 164 – Републиканци 192
NBC: Демократи 217 – Републиканци 218
CNN: Демократи 170 – Републиканци 193

Пребројувањето на гласовите продолжува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ѝ се заканија на Турција со…

Помошникот на шефот на американското Министерство за…

Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…

САД: Неонацистичка група има намера да се…

Предизборната кампања во САД се соочи со…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…

Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…