(Фото) Ново вето нема да има, зад нас се најсилните ЕУ и САД! Ковачевски ги повика пратениците да ги поддржат уставните измени!
Одлуката за уставни измени е одлука на Македонија, одлука на македонското Собрание, без условување од никого и без ничиј диктат, истакна во днеешниот говор премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски.
-Денес на оваа важна седница на Собраинето ја отпочнуваме постапката за изменување и дополнување на уставот на РМ. Тоа е резултат на одлуката на владата од 18 јули со која се утврди потреба од изменување и дополнување на Уставот.
Согласно нашиот устав, како претседател на Владата во име на Владата ја преземма обврската и одговрноста истиот да го елаботрирам пред вас.
Предлогот е резултат на повеќемесечна експертска, транспарентна и политичка дебата, овозможивме сите граѓани и релевантни фактори да бидат запознаени со причините, потребата и содржината на предлогот за измена и допомна на Уставот.
Во целиот овој период и јас како премиер и сите министри во владата се водевме од единствениот најдобра наичн, да ги обасниме аргументите ЗА, да побараме широка поддршка за јасното и кратко дополнување на Уставот, во целиот процес не дискредитиравме никого, не излиравме ничие мислење, не одбивме дебата со цел прогрес, развој интеграција, подобра сегашност и иднина, преку обединување, преку заедничка работа и исполнување на националните интереси.
Во 1991 година граѓаните дефинираа дека интеграцијата во ЕУ е највисок државен приоритет, дали е нешто во 2023 година променето? За мене и огромното мнозинство граѓани не е променето. Влезот во ЕУ е најдобиот економски, правен и политички процес, нашето сврзно ткиво, механизам да се промениме на подобро, да бидеме држава со сите стандарци. Држава со сегашност и јасна иднина.
За нашата историја знаеме и преку сите нас денес ја знаат сите надвор, сите знаат за успесите на нашите предци за создавањето на нашиот вековен, национален, цврст културен и национален идентитет, тие се вкоренети во Крушевската Република, првото заседание на АСНОМ, во 1991 година и Охридскиот рамковен договор во 2001 година.
Предлогот за дополување на Уставот има само еден мотив, тоа е влезот во ЕУ, тоа што го бара и очекува огромното мнозинство во државата. Предлогот е наш македонски, базиран на европскиот предлог со кој ги отовривме преговорите зе членество, предлогот е напишан тука во Скопје, ги отфрлам лажните и невистинити тези дека постои некаков диктат од било кого за било што. Постои само нашата сегашна историска можност да направиме нешто за државата со усвојување на предлогот, да не стоиме во место и каскаме, туку да чекориме кон полноправно членство во ЕУ до 2030 година. Ова е македонски предлог поддржан од ЕУ и САД, за наша корист и наше добро. За само една година поддршката за нас драстично се зголеми, на македонски јазик се говори и пишува во Брисел, поддршката за нашиот вековен идентитет се случи и во Берлин и во Вашингтон, го потпишавме ФРОНТЕКС, се случи сето спротовно од тоа што го заговараа домашните политканти, никој не нѐ загрози и асимилира, а зад нас стојат најголемите најсилните.
Речиси и да нема дебата во ова Собрание за слични прашања во која постојат поединци кои сеат страв и најавуваат катастрофи, го преплавуваат просторот со лаги и црнила.
Предложените интервенции во Уставот се однесуваат на членовите 49 и 78 од Уставот, при набројувањето на деловите од народи во државата. Односно, во формулацијата: „Граѓаните на Република Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“, после зборот бошњачки народ се става запирка и се додава: бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и еѓипќанскиот народ.
Согалсно ова и претходните измени на Уставот е направена измената во Комитетот за односни меѓу заедниците, Со тоа што во уставот е посочено на македонскиот народ и се додаваат друго делови од народи, недвосмислено се истакнува примарната уставотворност на македонскиот народ. Тоа е промената и дополнувањето, ниту може, ниту се сака, ниту се прави, ниту е воошто возможно да се загрози, намали и релативизира македонскиот народ. Тоа е единствената вистина, дали е возможно некој да биде поголем или помал Македонец? Секој разумен и добронамерен човек знае и гледа дека ова нема да ја загрози македонската државност, уставните измени не загрозуваат ниту едно македонско идентитетско прашање.
Тоа е целосно јасно, јасно на сите во државата и затоа денес, кога ќе ги погледнете улиците на Скопје ќе видите дека се е мирно и граѓаните очекуаат одлука за својата европска иднина.
Не сега, во контиунитет државата се гради како функционална и одржлува мултиетнична демократија, која практикува европски вредности, воедно предлогот го интензивира процесот и го продолжува патот окн целосна интеграција на РМ во ЕУ. Ова потребно е да го разбереме како наша предност, не како недостатаок, да се биде членка на НАТО денес, а на ЕУ утре, е суштински важно за нашата и европската стабилност, Европа има голема потреба од нас. Ние треба да сме држава која почива на фундаменталните вредности на човековите права, ние заради нас самите мораме да бидеме европска држава, овој пат не е ниту лесен, ниту краток, слични примери гледавме и во други држави. Секаде постојат евроскептици, но тие примери се водилка како да се движиме, ЕУ им овозможи на новите членки подобар живот, инвестиции, работни места, брз прогрес, ЕУ е наш најголем економски партнер, ЕУ ни е најфолем финансиски поддржувач, донатор и кредитор, ЕУ има најмног инвестирано во образованието, здравстсвто… Членството во ЕУ овозможи рапиден економски раст на граѓаните на новите членки на ЕУ и тоа во првите пет години од зачленувањето, тие полека ги укинуваат границите, го воведуваат еврото. Досега токму ЕУ е најголемиот донатор во нашата држава, само преку ИПА програмата се вложени над една милијарда евра.
ЕУ ни одобри и 100 милиони евра макрофинансиска помош, добивме 160 милиони евра за ублажување на последиците од кризата и 80 милиони евра за справување со енергетската криза.
Една земја членка на ЕУ од фондовите добива 11 пати повеќе средства по глава на жител отколку од кандидатите за членки.
Овде постои конкретна, видлива и реална помош и поддршка за промена на подобро.
Почитувани граѓани, лани, по 17 години првпат ги започнавме преговорите со ЕУ, мора да продолжиме да ги отвораме и затвораме поглавјата едно по едно, тој процес е суштински, треба да нѐ направи посупешни, тоа е наша потреба и одлучуваме ние во копје, не во Брисел, а најмалку во Софија, имаме фиксна преговарачка пречка, билатералните прашања понатаму нема да бидат пречка, ново вето од било кој и за било што нема да има! Ако сакаме да ја слушнеме вистината таа е единствената. Конечно членство во ЕУ, тоа е патот, сега после 30 години кога сме во завршницата ние бараме и нудиме решение да не згрешиме како драва и повторно да потроѓиме декади во чмаење и чекање. Тоа е најголемо зло и неправда за граѓаните До 2006 година бевме рамо до рамо со Хрватска, денес таа со паметна полтиика и паметни полиитчари, за жал минатата деценија политичарите создадоа заробена држава и не мрднавме ниту милиметар, а започнавме на ист ден со Хрватска.
Тоа не смее да се подобри, ако тогаш тие заостанаа зад Хрватска, денес не смееме да застанеме ни милиметар зад Србија и Албанија. Времето е немилосрдно, за граѓаните и младите да ни останат дома, младите не се иселваат заради уставот, тие не стануваат и заспиваат со уставот, туку со единствената и нормална човелка потреба да живеат дома, богато и мирно како нивните европски врсници. Ние денес за тоа треба да гласаме.
Мене ми е јасно дека нашата современа 30-годишна историја не беше воопшто лесна, имаше многу корупција, сиромаштија, жртви, неправди. Но токму затоа го поставувам клучното пршање: Дали сакаме и понатаму да живееме каодосега или да продолжат промените, правната држава, побогато и модерно општество, почиста држава, ред во државата, обврски и одговрност од политичарите и администрацијата, младо население и помалку криминалци, претприемништво или концентрација на бизнис поединци иили олигарски? Дражава за сите една мајка, а не маќеа за некој?!
Одговорите се многу лесни, тие се да. И како да го постигнеме сето ова е потешкиот начин, но е единствениот, членств во ЕУ, процес во кој минатото останува непроменето но поцврсто, а иднината е сигурна и предвидлива.
Сосема ми е јасно дека отпорот кон промените е вечен, разликата е дали ќе биде поголем или помал, 30 години имаме политичари кои направија професија и богатства од националните прашања , криминало ти корипцијата кои шират омраза, за да имаат за себе земаа од народот го плашат со катастрофи и мрачни сценарија. Граѓаните заслижуваат подобро и повеќе, во сиот овој процес се водевме од интересите на граѓаните и државтаа.
Се водиме од чесноста, искреноста и најдобрите намери, протв тие кои сакаат да остане како порано, против тие кои сакаат да снаеме енклава за да се спасат од старите криминали,
Ова е државничка одлука и треба да почива на визија, ве уверуваме дека оваа одлука е најдобрата можна и соодветна, не загрозува, нуди шанса, спречува стоење во емсто,неправда, криминал и корупциуја,
На потег е Собранието и личната индивидуална свест на сите пратеници. Со гласањето за сите можеме да бдеме победници, со гласањето против сите сме губутници. Ова не е и не смее да биде гласање за избори, избори ќе има следната година и граѓаните, а не вие 120 пратеници ќе одлучат за резултатот. Од вас можам човечки да повикам на разум, совест, чесност и водење од општите, а не лични интереси. Што и да направите имате лична договорност, ќе бидете заслужин за прогрес или одговорни за шеттата на граѓаните,
Денес ќе стане јасно кој сака да ја види државата во ЕУ, а кој ја блокира иднината, кој ќе бега од одговорност пред граѓаните? Денес е денот кога ќе се види дали ќе беаат оние кои бегаа и блокираа и досега, или ќе дадат грлас за еврпската иуднуна.
Граѓани, бидете уверени ддека оваа одлука ја носиме за ваш најдобар интерес, сте да се обединиме, да покажеме кохезија и пример за дебатата. Се надевам дека дебатата ќе биде мирна и по неа да продолжиме со работа во ваш интерес, за заедничкиот интерес.
Да живеат граѓаните, да живее европска Македонија. – порача Ковачевски кој доби и аплауз од дел од пратениците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…