Објавено на:

(Фото) Нуркачи го чистеа Охридското Езеро: Извадена голема количина на отпад

t

Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид организираше голема еколошка акција за чистење на Охридското Езеро. Од дното на езерото се извади огромна количина на разновиден цврст отпад како што се пластични шишиња, лименки, пластики, конзерви и друго.

Акцијата насловена „ОХРИД ЕКО 2023“ беше изведена на две локации – кај Изворите на Црн Дрим кај Свети Наум и на пристаништето во таа населба на источното крајбрежје на езерото.

Во акцијата учествуваа 28 нуркачи од Нуркачкиот Центар Амфора, Спелеонуркачки клуб Врело од Скопје како и припадници на нуркачкиот тим на БСС на АРМ кои се вклучуваат во сите поголеми еколошки акции и активности што ги организира Нуркачкиот Центар Амфора, се вели во соопшението.

Тие потенцираа дека најголемата количина на цврст отпад доаѓа преку реките кои се влеваат во езерото и носат огромни количини на отпад.

Раководителот на Амфора Јован Секулоски појасни дека со реализација на проектот пред неколку години дале предлог да се изградат мини брани со кои во голема количина ќе се намали цврстиот отпад во езерото, а со една и единствена цел вистинска заштита на Охрдското Езеро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Матурант скокнал во Езеро, за среќа полицијата…

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во…

Гардијан: Нуклеарна централа во Велика Британија „протече“…

Безбедносните прашања во Селафилд доведоа до тензии…

(Фото) Нуркачи го чистеа Охридското Езеро: Извадена…

Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид организираше голема…

Секој жител на Македонија лани создал 467…

Вкупното количество на создаден комунален отпад во…