(Фото) Одбиена иницијативата за референдум за Договорот со Бугарија – Очигледно Македонците повеќе немаат право на референдум
Oдбиено е барањето за референдум за Договорот за добрососедство со Бугарија кое што го достави до Собранието на Република Македонија, претседателот на политичката партија „Десна“, Љупчо Палевски.
Откако неофицијално за референдумот требаше да се одлучува на пленарна седница на Собранието со гласање на сите 120 пратеници, сепак од собраниските служби најдоа алиби па најдоа мана во поставеното прашање.
Според одговорот од Собранието на кој потписник е пратеничката на СДСМ, Снежана Калевска Ванчева иницијативата не е уредна затоа што прашањето било неточно односно непрецизно.
Погледнете го одговорот во целост:

Како што дознава Инфомакс, Левица ја поддржала иницијативата за референдум, но сепак таа не ги мина собраниските филтри.
Очигледно дека Македонците повеќе немаат право на референдум во сопствената држава по однос на прашања кои директно го засегаат македонскиот идентитет, историја и култура.
Да се потсетиме дека претходно и Левица поднесе иницијатива за референдум по однос на бугарското прашање која беше исто така експресно одбиена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…