Објавено на:

(Фото) Осомничената за убиството на Дугина користела лажен пасош во Москва!

t

Наводниот убиец на новинарката Дарја Дугина приложил лажен казахстански пасош на име Јулија за да изнајми гаража во Москва, изјави за РИА Новости извор запознаен со ситуацијата.

„Пред убиството, Наталија Вовк изнајми гаража недалеку од куќата во која живееше Дугина. Вовк на сопственикот на гаражата му приложила лажен казахстански пасош на име Јулија Заико“, рече соговорникот на агенцијата.

Дугина загина вечерта на 20 август во експлозија на автомобил на автопатот Можајск во областа Одинцово во Московската област. ФСБ соопшти дека зад убиството на Дугина стојат украинските специјални служби, а сторителот е украинската државјанка Наталија Вовк, која со ќерката пристигна во Русија на 23 јули. Според одделот, по обидот за атентат таа и нејзиното дете заминале во Естонија преку регионот Псков. Од Истражниот комитет не исклучуваат дека во убиството покрај Вовк би можеле да бидат вмешани и други лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ