Директорката Мазнева им подели нова зимска заштитна опрема на вработените во ЈП Комунална хигиена – Скопје

t

В.д. директорката на ЈП Комунална хигиена – Скопје, Косана Николиќ Мазнева, денеска им подели зимска заштитна опрема на вработените задолжени за одржувањето на јавната хигиена во градот Скопје.

“Вработените во ЈП Комунална хигиена-Скопје ја одржуваат хигиената на јавните и сообраќајните површини во нашиот град, секој ден во неделата, во три смени, изложени на најекстремните временски услови. Од овие причини настојував годинава навреме да добијат соодветна заштитна опрема-униформи, обувки и ракавици, со што ќе бидат максимално заштитени додека посветено ги извршуваат своите работни обврски”- -истакна в.д. директорката на ЈП Комунална хигиена – Скопје, Косана Николиќ Мазнева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неправилно одлагање отпад во седум скопски општини…

Како што информираат од претпријатието ЈП Комунална…