(Фото) Пожарот во Битола е под контрола, но има опасност од огнени трупци кои се тркалаат надолу да предизвикаат нов пожар

t

Во Битола пожарот е под контрола, информираат од ЦУК, а директорот Стојанче Ангелов вели дека нема потреба од интервенција од воздух.

– Пожарот кој што започна вчера во 16.00 ч. кај м.в. „Германски гробишта“,на ридот над населбата Баир во Битола се уште трае и се шири кон „Бел Камен“ и „Снегово“.Гори сува трева,грмушки и шума со мешовит состав. Зафатена е површина од околу 100 хектари.Засега не се загрозени населени места. Во текот на денот интервенирале: ТППЕ Битола со 35 пожарникари и 6 ПП возила,ДПД „Архангел “со 9 пожарникари,ЈП НШ Подружница „Кајмакчалан“ со 12 лица и ЈП „Водовод“од Битола со 10 лица и локално население. – соопштија од ЦУК.

Читатели на Инфомас утрово испратија нови фотографии од пожарот во Битола.


Во 22,00 ч.се одржа состанок на Кризниот штаб во Општина Битола на кој е одлучено во ноќните часови на терен да останат екипи од ТППЕ Битола,а во утринските часови на терен да излезат:ТППЕ Битола со 40 пожарникари ,ДПД „Архангел “со 9 пожарникари, ЈП НШ Подружница „Кајмакчалан“ со 10 лица , ЈП „Водовод“ од Битола со 15 лица ,ЈП Нискоградба со 10 лица, ЈП Комуналец со 15 лица и ЈП Стрежево со механизација.
Во пожарот повреден е еден пожарникар кој со изгореници е хоспитализиран во Клиничката болница во Битола. За пожарот се известени сите субјекти од Системот а управување со кризи (СУК). Се претпоставува дека пожарот започнал од дива депонија. – велат од ЦУК.

– Пожарот во Битола е под целосна контрола, се уште има жаришта, пожарникарите работат на догаснување, има опасност од огнени трупци кои се тркалаат надолу и може да предизвикаат ново горење. – вели Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Слушнете го детето кое е еден…

Искреноста на децата во светот на возрасните…

Снимка од дрон во Битола: Масовен собир…

Илјадници битолчани денеска излегоа на мирен собир…

(Видео) Не издржа младост што сака да…

И во Битола, како и во многу…

(Видео) Советот на Општина Битола ЕДНОГЛАСЕН против…

Советот на Општина Битола едногласно го изгласа…

Во Битола пронајдени 206 гранати од Првата…

При градежни работи во Битола, пронајдени се…