(Фото) Полицијата ги претстави „пресретнувачите“ – автомобилите што снимаат и мерат брзина во движење
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски пред јавноста покажа едно од новите специјализирани возила за мобилно мерење на брзината (т.н. „пресретнувачи“) – „Форд“-модели опремени со интегриран радарски систем, камери со висока резолуција и софтвер за моментално лоцирање и документирање на прекршоци.
Новите автомобили ќе патролираат низ државата во рамки на проектот „Безбеден град“ („Сејф сити“) и ќе регистрираат пребрзо возење, без разлика дали станува збор за градска зона, регионален пат или автопат.

Мобилните радари од овој тип се користат во повеќе европски држави и, според министерот Тошковски, се покажале како исклучително ефикасни во намалување на сообраќајните прекршоци и на несреќите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Полицијата ги претстави „пресретнувачите“ – автомобилите…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски пред…
Виткоф и Кушнер пред средбата со Путин,…
Пред нивната средба во Кремљ со рускиот…
„Црна дупка“: Поскапе возачката, парното, струјата… нема…
Поскапе полагањето возачки испит. И парното. За…
Трамп: Војната во Украина е „хаос“ и…
Претседателот на САД Доналд Трамп, во разговор…
Гаши: Двете анкети комисии за кочани да…
Собранискиот спикер Гаши побарал од власта и…