(Фото) Прва свадба зад решетки: Се ожени осуденик од струмичкиот затвор!
Во Казнено-поправната установа Затвор Струмица денес се одржа несекојдневен, но длабоко хуман и значаен настан – првпат во историјата на установата беше законски регистрирано осудено лице кое моментално ја издржува својата казна затвор, објави 4NEWS.mk.
Церемонијата се одвиваше под покровителство на директорот на затворот, г. Зоран Ристов, и заменик-директорката, г-ѓа Наташа Лазарова Донева, кои потенцираа дека секое човечко суштество има право на идентитет и достоинство, без оглед на статусот.
Со регистрацијата, осуденото лице конечно се стекна со правен идентитет – предуслов за пристап до здравствени, образовни и социјални права, како и клучен чекор кон неговата успешна ресоцијализација.
По официјалниот дел, беше организиран симболичен свадбен ручек за присутните, на кој се служеше традиционално мени – месо, ориз, компир и краставички.

Извор: 4Њуз
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Прва свадба зад решетки: Се ожени…
Во Казнено-поправната установа Затвор Струмица денес се…
Трамп потпиша повисоки царини за Индија, бидејќи…
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша наредба со…
Напад на полиција во Чаир, семејство со…
Насилен инцидент проследен со обид за вооружен…
Трамп со писмо до Османи – се…
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, доби писмо…
Аларм во НАТО поради руските дронови во…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, разговараше…