(Фото) Приведен криумчар, пронајдени лекови, цигари, казино картички, брендирана спортска облека без документација

t

Денеска (29.09.2023) во 04.30 часот на автопатот Куманово – Скопје, во близина на с.Романовце, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при Биро за јавна безбедност го лишиле од слобода Ф.Т.(56) од Република Турција, со живеалиште во Скопје.

При контрола во автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, кој го управувал, биле пронајдени и одземени 81 кутија таблети „ксарелто“, повеќе штеки цигари, медицинско помагало, повеќе комплети брендирана спортска облека и 10.000 казино картички за кои не поседувал документација.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…