(Фото) Притисоци од власта во очи на протестите: Закани кон млад новинар од ботовите на власта затоа што објавил видео каде има свирежи за министерката!

t

-Закани од страна на ВЛАДЕАЧКАТА по објава на видео каде министерката е исвирката вчера.

Им се заканувале дека ќе ги затворат Studentarijamk, страница на инстаграм за информации и објави за се во врска со студентите.

Демантирано дека не се организатори.

КОРУПЦИЈАТА Е НА ВЛАСТ!

Пишува профилот „Сомнителен“ на Твитер.

Ова е видеото поради кое почнаа заканите…

Денешниот говор на министерката за образование и наука Весна Јаневска на платото на УКИМ беше прекинат со извици и свиркања од страна на студентите, за време на оддавањето почит на загинатите во тешката трагедија во Кочани.

Причината за свирежите е што, за време на говорот на Јаневска, од пред Правниот факултет почнаа да се слушаат повици за Брза помош, најверојатно затоа што му се слошило на некој од собраните студенти.

Неколку секунди потоа, Јаневска го продолжи својот говор со зборовите “Ова предолго трае. Вашата порака е примена…”, по што почнаа извиците и свиркањата.

“Ќутете малце”, извика некој од студентите, среде свирежите.

Се слушна и изјава за “собирање политички поени”.

По ова, Јаневска не го продолжи својот говор, со што официјалните обраќања на собирот на УКИМ завршија.

Неколку минути претходно, брза помош беше побарана и на друга локација, додека од говорницата зборуваше ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова. Таа го прекина говорот и продолжи откако беше даден знак дека студентот е згрижен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…

Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…

Прекината истрагата за Панчо од ДНК

Обвинение за 34 физички и три правни…

„На здравје за молкот“

Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…

Дебар Маало ќе се затвора за возила…

Со овој пилот-проект кој веќе е готов…