(Фото) Пријателот на Артан Груби стана директор на ЦИА
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека за нов директор на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) ќе го именува поранешниот директор на Националната разузнавачка агенција (ДНИ) Џон Ретклиф.
Инаку како што дознава Инфомакс, новиот директор на ЦИА, Ретклиф е близок и личен пријател на поранешниот прв вицепремиер од ДУИ, Артан Груби.
За нивните средби и пријателство има голем број фотографии и соопштенија од нивни средби во главниот град на САД, Вашингтон. Инаку на социјалните медиуми веќе се појавија и фотографии од Ретклиф на кој што се гледа како го прави симболот на Голема Албанија, двоглавиот орел.Прашањето е како сега ќе се однесуваат сите апологети на власта кои јавно говореа дека победата на Трамп е најдоброто нешто што и се случило на Македонија на меѓународен план во изминатите 33 години независност.The new director of CIA, a good friend of Albanians.
— Holger ✟ 🇦🇱 (@holgerkurti_) November 13, 2024
“oH bUț TrUmP wIlL séLL KoŚoVa” are all retards that have zero understanding of Geopolitics. pic.twitter.com/VEXoMf4pvQ
Покрај тоа, Трамп најави дека ќе го назначи инвеститорот и донатор на кампањата Стив Виткоф за свој специјален пратеник за Блискиот Исток, а секретарот на Белата куќа од првиот претседателски мандат на Трамп, Џозеф Мекингли, ќе биде нов советник во Белата куќа.
Трамп претходно најави дека ќе го назначи сенаторот од Флорида Марко Рубио за нов државен секретар, а републиканскиот пратеник Мајк Волц за советник за национална безбедност во новата администрација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ватикан: Што значи Светата година 2025?
Теологот од Аугсбург, Јорг Ернести добро се…
СДСМ до Трипуновски: Срамно е да се…
ВМРО ДПМЕ и министерот за земјоделство, шумарство…
Jа клоцал, ја влечел за коса па…
Полицијата во Земун го уапси С. Н.…
Филипче: Остро ја осудувам стратегијата на ДУИ…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција…
„Росавијација“ ја објави причината за падот на…
Федералната агенција за воздушен транспорт на Руската…