(Фото) Продолжува „ријалити шоуто“ на Западот: Британската aрмија објави мапа нa насоките на Путин за инвазија врз Украина

t

Министерството за одбрана на Велика Британија објави мапа на насоки на руската инвазија на Украина.
Во шемата наречена „Можна оска на инвазијата на претседателот Путин“, објавена на официјалната страница на Твитер на британското Министерство, маршутите на двете фази на копнената офанзива беа означени со стрелки.

Според британската армија, првиот предвидува движење од правец на западните региони на Русија кон Киев и Днепар, од Крим долж брегот на Азовското Море и од територијата на Белорусија до Киев.

Втората фаза предвидува движење од Днепар до Виница, како и од Крим до Одеса.
„Русија одржува значително воено присуство со чија помош може да ја изврши инвазијата без предупредување“, се вели во соопштението и покрај почетокот на повлекувањето на руските трупи во базите по воените вежби.
Министерството за одбрана на Велика Британија посочува дека „шемите се дадени исклучиво за илустративни цели “.
Хистеријата околу наводните планови на Русија за инвазија на Украина трае со недели. Иако Москва постојано негираше дека има такви намери, западните медиуми и политичари не престануваат да ја повторуваат истата мантра. Британските таблоиди „Сан“ и „Мирор“ отидоа чекор понатаму и го објавија „точното“ време на „руската инвазија“ што требаше да се случи во три часот по полноќ на 16 февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…

Министрите за надворешни работи на Украина и…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…