(Фото) Психолошка војна: Украинските трупи добија порака да го напуштат Донбас и да ги спасат своите животи – се очекува руски напад во секој момент
Украинските вооружени сили иселуваат цивили од куќите на територијата на Донбас под нивна контрола, со цел да сместат персонал таму, соопшти Народната милиција на Народна Република Луганск.
Бројот на напади на вооружените сили на Украина е речиси двојно зголемен, а Народната милиција на Народна Република Луганс не исклучува дека вооружените сили на Украина ќе користат ракетни системи „Град“ при гранатирање на територијата на републиката.
Пред малку на телефоните на украинските војници стационирани во регионот на Донбас им пристигна циркуларна порака во која се напоменува дека Руската Федерација одобрила користење на вооружените сили на територија на Донбас и доколку сакаат да го спасат својот живот треба да го напуштат регионот.
Ова едел од психолошката војна која ја води Русија против соседна Украина.
-Москва даде зелено светло за употреба на вооружените сили на РФ во Донбас! Има уште време да си го спасите животот и да ја напуштите зоната на OOC (Донбас), гласи пораката.

Битката кај Сталинград нашироко се смета за пресвртница за Советите на источниот фронт на Втората светска војна, а можеби и за целата војна
Mорничава, вистинска приказна што доаѓа од борбите таму e музиката што Црвената армија ја свиреше како пропаганда додека двете страни се бореа за сега озлогласениот град.
Во „Сталинград: Судбоносната опсада 1942-1943“, Антони Бивор опишува како НКВД, советската тајна полиција и претходник на КГБ, поставувале звучници низ градот. Со недели Советите играа танго за кое веруваа дека пренесува злобно расположение: „Тангото на смртта“.
Oва е само еден пример за ефективноста на психолошката војна на Советите врз нациститите во битката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…
„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…
Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…
Андонов за Мицкоски: Можеби и затоа не…
Што мислите го познава ли Мицкоски поранешниот…