(Фото) ПСС Охрид денеска во спасувачка мисија на туристка од Чешка, која се повредила планинарејќи на Галичица

t

Членовите на Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид и Алпинистички клуб „Патагонија“ од Охрид со целокупниот расположлив капацитет, веќе 7 дена се вклучени во гасењето на пожарите во охридско, а особено на пожарот во Национален парк „Галичица“.

Вклученоста е главно во логистичка поддршка, обезбедување и достава на храна за тимовите кои гасат, транспорт на луѓе со теренски возила, а на Галичица и со директна вклученост во гасењето на пожарот, поради непристапноста на теренот.

– Покрај ангажманот во гасењето на пожарот на Галичица, денес во 13:50 часот преку единствениот повикувачки број 112 и Итната медицинска помош од Охрид, добивме повик за спасување на повредена жена, турист од Чешка, која се здобила со скршеница на десна потколеница, планинарејќи на Галичица. Бидејќи целокупниот потенцијал на ПСС во моментот беше ангажиран, побаравме хеликоптерска асистенција, при што дел од тимовите кои се вклучени во гасењето на пожарот, беа пренасочени во спасувачка операција. Благодарение на оперативноста на ЦУК и умешноста на пилотите од хеликоптерската единица на МВР, веднаш беше обезбеден хеликоптер, со кој тим од ПСС беше транспортиран до местото на несреќата. Бидејќи тимот беше повлечен директно од терен, беше принуден да изврши имобилизација и транпорт со импровизирани средства. Во 15:30 часот повредената беше пренесена во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, а тимот од ПСС се врати да им помогне на пожарникарите и ренџерите од НП „Галичица“ во борбата со огнената стихија, информираат од ППС.

May be an image of 5 people and people climbing

Додаваат дека се надеваат дека сите овие случувања ќе предизвикаат поголем интерес во иднина за јакнење на сите капацитети за справување со кризи и несреќи, особено во вреднувањето и поддршката на волонтерските тимови од различни специјалности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Држам говор, ако го сакате Трамп,…

Најверојатната демократска кандидатка за претседателските избори во…

(Фото) ПСС Охрид денеска во спасувачка мисија…

Членовите на Планинската Спасителна Служба при Црвен…

Украинската амбасада бара од Мексико да го…

Амбасадата му се заблагодари на Мексико што…

Гази Баба: Жена го претепала сопругот, го…

Вчера во 01.30 часот во СВР Скопје,…

Институтот за проучување на војната: Украинските трупи…

Украинските трупи напредуваа до 10 километри во…