(Фото) Пуштени во употреба три “нови” одделенија во Бардовци: Груевски ги направи, Сали и Ковачи се сликаа
Денес, скришно од јавноста, без медиуми, беа пуштени во употреба нови објекти во психијатриската болница во Бардовци, кои се изградени во времето на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ и до сега стоеа празни и надвор од употреба.
Директорот Ќамил Ковачи си направил партиска забава со пуштањето во употреба на објектите со оглед дека на пуштањето во употреба присуствувале, министероте за здравство во заминување, Беким Сали и дел од локалните лидери на ДУИ.
– Денеска ја имав честа заедно со министерот за здравство г. Беким Сали да пуштаме во употреба три одделенија кои се изградени и реновирани целосно, и тоа две одделенија каде ќе бидат сместени наши корисници со хронична болест, кои се финансирани и изградени од Mинистерството за Здравство, и едно одделение реновирано и финансирано од сопствените средства на болницата каде ќе бидат сместени корисници на нашите услуги кај кои е определена судска мерка за лекување во Психијатриска Болница Скопје.
Сите овие инвестиции се направени се со една цел за подобрување на нашите услуги кои ги нудиме на нашите корисници и подобри услови за персоналот кој е ангажиран во ЈЗУ Психијатриска Болница Скопје. – напиша директорот на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Општините и училиштата нетранспарентно ги издаваат спортските…
Спортските објекти се издаваат на користење на…
Шокантно признание на министерот за здравство: Лудилото…
Министерот за здравство Фатмир Меџити вели дека…
Се степале пациенти во психијатриската болница во…
Двајца пациенти во психијатриската болница во Бардовци…
(Фото) Пуштени во употреба три “нови” одделенија…
Денес, скришно од јавноста, без медиуми, беа…
Сали: Се додека секојдневно добиваме бројки од…
Се додека секојдневно добиваме бројки од 80…