(Фото) Регинот на нозе: Исчезнатиот Матеј вчера бил активен на Вибер
Младиот Матеј Периш (27) кој исчезна на 31 декември во Белград се уште е топ тема, но и мистерија за целиот регион.
Откако 22 дена нема ниту трага, ниту глас од него, вчера еден детаљ буквално ги стаписа сите до еден.
Имено вчера виберот на Матеј повторно бил активен и тоа во 21:53 часот.
Оваа информација предизвика лавина на коментари, а по тој повод се огласи и неговиот татко.
-Запознаен сум со тоа од страна на полицијата. Се работи за активности кои полицијата ги спроведува во склоп на истражувањето и сите детали за овој случај, вели Ненад.
Инаку сигналот последен пат на неговиот телефон е лоциран во 02:40 часот на 31 декември во близина на големиот воен остров каде се влева Сава во Дунав.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Се појави нова снимка со која…
Вечерва на социјалните мрежи се појави зумирана…