(Фото) РЕКОРД: Кај кумановец викендов измерени 4,86 промили алкохол
Кумановец викендов го урнал рекордот за измерени промили алкохол во крвта, дури 4,86 промили.
Вкупно 166 возачи биле казнети изминатиот викенд во Куманово поради непочитување на сообраќајните правила.
– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 166 возачи, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Најголем дел од казните, или вкупно 94, биле напишани на возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 39 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол.
15 биле за управување возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирано возило и 15 мотоциклисти за неносење заштитен шлем.
– Санкциониран е и едeн возaч поради возење под дејство на алкохол, односно по алкотестирање му биле измерени 4.86 промили, додаваат од СВР Куманово.
Сообраќајните контроли, како што додаваат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…