(Фото) Решена дилемата за каде се цревата кои беа товарени во возило на брзата помош

t

До редакцијата на Инфомакс пристигнаа неколку фотографии направени во индустриската зона во Кочани на кои се гледа како во возило на брзата помош се товари водоводно црево.

Според наши информации цревото е за потребите на ЈЗУ ЗД ,,Гоце Делчев” во Делчево каде е регистриран поголем дефект на водоводната мрежа со што во моментот во установата има прекин на доводот на вода.

Од таа причина Здравствениот дом е во фаза на санација на дефектот, за што е извршена набавка на потребниот материјал, по што се очекува во текот на денот поправка на дефектот.

Без разлика на намената злоупотребата на амбулантно возило за набавка на репроматеријали во најмала рака е недозволиво бидејќи недостапноста на истото во моментот може да чини загубени човечки животи.

Дополнително истото се амортизира и контаминира со пренос на материјали за кои не е наменето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Решена дилемата за каде се цревата…

До редакцијата на Инфомакс пристигнаа неколку фотографии…

Петиција за ослободување на обезбедувањето од притвор

Ние, долупотпишаните, апелираме за итно ослободување на…

СДСМ: Наместо неселeктивна правда за Кочани- МВР…

СДСМ денеска одржа прес-конференција на која портпаролката…

Уапсен директор на Геријатриска болница, примил поткуп…

Уапсен е директор на здравствена установа, дознава…

(Видео) Албанските партии пет месеци ја блокираат…

*Албанските партии пет месеци ја блокираат Декларацијата…