(Фото) Росица лично му пишала на Тошковски пет месеци пред да биде убиена! Пораката објавена на Фејсбук – „очајно ве молам за помош“

t

„Се надевам дека пишувам на правилно место и дека конечно некој во оваа држава ќе отвори уши и очи за мојата безизлезна ситуација… Човекот кој од декември па наваму ме демне, ме тепа и нанесува друг вид на насиство, силува, прогонува и последно пред 5 дена ми ја запали колата е сеуште на слобода!“, пишува во пораката која е објавена на социјалните мрежи, а е наводно напишана од убиената Росица К. која се обратила лично кај министерот Панче Тошковски пред речиси 5 месеци.

Најшокантниот дел од пораката содржи тврдење за директен пропуст на институциите:
„Вратен му е пасошот од МВР и во моментов слетува во Берлин“.

Во текстот се наведени и броеви на предмети во ОЈО Скопје и Основниот суд Велес, со име на јавен обвинител, што се поклопува со веќе објавените информации за историјата на насилство што го трпела жртвата. Пораката завршува со зборовите: „Очајно ве молам за помош“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Росица лично му пишала на Тошковски…

„Се надевам дека пишувам на правилно место…

Тошковски: Ценам дека ќе имаме уште едни…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска,…

(Видео) Убиен е познат хрватски политичар

Според неофицијални информации од локалните медиуми, убиен…

Тошковски вели дека има нови траги за…

Факт е дека во Македонија имаме хибриден…

Силјановска Давкова: Наместо да нѐ поддржуваат, соседите…

Она што Обединетите нации се за светот,…