(Фото) Северно Вазалство: Кинење цветни ленти е криминaл, графити од фaшиcтички македоно-yбиjци низ Охрид е добрососедство

t

За скината украсна лента со боите на Бугарија, македонското обвинителство „криминалните киначи“ ги бара да одговараат, додека пак за фашистички повици и графити за историски личности кои убивале и угнетувале македонци е дозволена во Македонија.

Во современиот налет на бугаризација на македонските национални дејци и асимилација на и без тоа малку-бројното македонско население во опстанок, за раѓањето на големиот Гоце Делчев во Св. Спас положи венец и бугарска делегација, украсен со лента во боите на Бугарија, кој пак подоцна од национално совесни и будни граѓани беше искината.

Ваквиот чин за Бугарија и премиерот „Нелсон Мандела“, односно Кирил Петков претставуваше дипломатски скандал, поради што, обвинителството под палката на северните вазали вчера достави службено барање за доставување на видео-матерјалите на Инфомакс за да може да ги пронајде и гони сторителите на „кинење украсна цветна лента со бугарски бои“. Оваа постапка на обвинителството само ја докажува со пример вазалската позиција во која се најде Македонија преку договорот за добрососедство, каде сме принудени самите себе да се денационализираме и национално да се самоубиваме, преку угнетување на секој еден кој се заложил за Македонците и Македонија.

Истовремено на овој процес, до Инфомакс пристигнаа и слики кои според изворот се од Охрид, каде што се гледа како група „дискриминирани“ бугари повикуваат на „Луков Марш“ и цртаат графити од Бугарскит монархо-фашист Борис Трети.

Имено, настанот Луков марш е познат во Бугарија како парада на националистички организации. Минатата година не се одржа поради забраната од град Софија, донесена врз основа на одлуката на Врховниот административен суд. Организаторите на настанот, Бугарскиот национален сојуз, потоа ја обжалија одлуката на градот Софија и таа падна пред судските власти. Инаку, овој настан се одржува од 2004 година, секоја година, а исклучок беше само минатата година.

За време на Втората светска војна организацијата на Генерал Луков изразува симпатии кон „новиот поредок“ на Третиот рајх и отворено се восхитува на националсоцијализмот. Тие дури собираат и бугарски доброволци за учество во африканскиот корпус на Вермахтот во Либија.

Додека пак Цар Борис Трети, по нападот на Југославија, во посета на Скопје се цел да се претстави како ослободител, сиромашното и угнетено жителство се организираат во масовни протести и плукаат по него и неговата делегација. Своевремено, во соработка со Хитлер, Цар Борис ќе испрати илјадници македонски евреи во треблинка да бидат систематски убивани.

За славењето на овие историски злодела, Македонската влада е нема и без реакција дозволи бугарски фашистички марш да се организира во Скопје, да се величат овие личности во Охрид, додека во исто време ги гони македонските родољуби и патриоти кои се спротиставуваат на симболичен начин, со кинење на цветна украсна лента…

Графит за Генерал Луков во Охрид
Графит за Цар Борис Трети во Охрид

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…

МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…

Република Северна Македонија е силно посветена на…

(Видео) Огромен пожар од Бугарија се движи…

Огромен пожар беснее кај Струмјани во Благоевградско,…