Објавено на:

(Фото) Се санира улицата “Јанко Мишиќ ” во Кисела Вода

t

Општина Кисела Вода започна со санација на улицата “Јанко Мишиќ”. Во наредните 10-тина дена на оваа фреквентна улица лоцирана во јадрото на населбата Драчево ќе се гребе оштетениот асфалт и целосно ќе се замени со нов.

-Продолжува градежната офанзива низ улиците во Општина Кисела Вода со која се, и ќе бидат опфатени сите месни и урбани заедници. Конкретно, денес сме во центарот на Драчево, ­ на улицата “Јанко Мишиќ”, каде започнуваме со активности за целосна замена на оштетениот и дотраен асфалт со нов. Се работи за потег од околу 700 метри на кои никогаш не е интервенирано, никогаш не е извршена никаква реконструкција, никаква санација, иако оваа улица, поради својата местоположба е една од пофреквентните во населбата. За десетина дена санацијата на ова место ќе биде завршена, а градежните активности за подобрување на патната инфраструктура интензивно ќе продолжат низ целата општина. Целосно ќе ги исполнам ветувањата што им ги дадов на моите сограѓани дека ќе ги решиме проблемите стари десетици години и дека Кисела Вода ќе добие нов и подобрен лик-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски при денешниот увид во отпочнувањето на градежните активности а санација на улицата “Јанко Мишиќ”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светлана Колариќ нов Претседател на Советот на…

Општина Кисела Вода доби нов Претседател на…

Одлична вест: Водата за пиење во Скопје…

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки…

Дел од населбата 11 Октомври без вода

 Дел од корисниците од населбата 11 Октомври…

Хрватскиот министер за здравство по појавата на…

Откако едно лице претходно било хоспитализирано во…

Поради дефект без вода Драчево, Долно Лисиче,…

Регионалниот центар за управување со кризи на…