(Фото) Се фотографирала со пациенти пред умирање: Обвинета е и за кражба, но се уште работи во болницата 8-ми септември
Објавата на траорното сведоштво во емисијата „Јади Бурек“ на телвизија Сонце, мотивираше свиркачи да достават скандалозни фотографии до редакцијата на Инфомакс од хаосот во македонското здравство.
Се работ иза фотографии направени во болницата 8-ми септември од страна на болничарка, која има чудна инспирација да се фотографира со пациенти кои се пред умирање, приклучени на механичка вентилација.
Но тоа не е се. Болничарката е обвинета за кражба од болницата на медицински материјали, кои потоа ги препродавала, а нудела и услуги со истите за домашно лекување.
За сето ова е направен и записник од полицијата потпишан од главната сестра во 8-ми септември.
Иако за болничарката има сериозни обвинувања меѓу кои и фото докази, таа се уште е на своето работно место.
За истата ситуација пред неколку месеци пишуваше и неделникот Фокус.
Болничарката која речиси пред една година се сликаше селфи со пациент пред умирање е суспендирана од своето работно место на Одделението за Неврологија во Градската болница „8 Септември“, потврди за „Фокус“ директорот на болницата Христијан Костов, пренесе Фокус.
„Болничарката е суспендирана од работа и сега треба да одлучиме како ќе биде санкционирана. Во моментов е формирана петчлена комисија која утре треба да заседава и да донесе одлука. Уште еднаш ќе повторам дека такви работи не смеат да се случуваат во болниците. Тоа е страшно. Пациентот е починат веќе една година- истакна директорот Костов.
Сепак Инфомакс дознава дека болничарката се уште е на истото работно место. Кој ја штити останува да видиме?
Инаку претходно Инфомакс објави скандалозно сведоштво од емисијата на Јанко Илковски во која гледач тврди дека по смртта неговата сопруга била ограбена на инфективната клиника, односно и било украдено злато и телефон.
Погледнете го целото сведоштво:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пуџдемон се врати во Шпанија
Карлес Пуџдемон, поранешниот лидер на шпанскиот североисточнен…
МВР по барање на Австрија го проверува…
Македонската полиција информира дека постапува по барање…
(Видео) Клучниот удар на Рељиќ во главата…
Македонската теквондиска Милјана Рељиќ забележа неверојатна победа…
Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…
Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…
Утре нестабилно време со пороен дожд и…
До крајот на денов сончево и топло…