(Фото) Скандал: Салата Парк во Струмица е во катастрофална состојба и не е достојна за натпреварите на престижниот европски куп во одбојка
До редакцијата на Инфомакс стигнаа фотографии и револтирани реакции од КК Аба концесионерот и претседателот Сашо Масев за состојбата во салата Парк во општина Струмица.
Неодамна Сашо Масев кој е претседател на здружението КК Аба кој стопнисува со салата се пофали со фотографии дека салата е реновирана и дека има услови ОК Струмица достојно да се престави на Европскиот Одбојкарски куп, но реалноста е сосема различна.
Револтирани граѓани се обратија до редакцијата на Инфомакс со реакција дека повеќекратниот шампион во одбојка на Македонија не заслужува да игра во катастрофално лоши услови и кои се срам за било кое натпреварување.
Сите надлежни институции и концесионерот имаа доволно време да реновираат или инвестираат во салата. Срамно е шампионот во одбојка да игра во вакви услови и во домашното натпреварување, а камо ли на престижно европско натпреварување, каде што очекуваме и гости, навивачи, но и инспектори кои ќе имаат увид во условите.
Концесионерот Сашо Масев е познат во Струмица и регионот дека е човек кој го пропадна прекрасниот хотел Цар Самоил, човекот објектот го купи за “беспари” или 350 000 евра, а го продаде за огромна сума во милиони евра или над 10 милиони евра. Дали и ова ќе го прокоцка останува да видиме велат револтираните Струмичани.
“Во одморалиштето Цар Самоил не смени ниту шајка и го продаде за многу пари, а сега ни е страв дека така ќе направи и за салата.
Салата му е дадена за 350 евра месечно, односно простор од 3500 квадрати за 350 евра месечно”. велат струмичани.
Човекот “шурува” со сите партии и успеа на чуден начин да се стекне со концесионерство, но не инвестира ништо, а никој не го контролира дали и по кој основ воопшто ја заслужува концесијата, освен што отвори игротеката Play и продава храна која се прави и се послужува во спротивност на сите санитарни услови и е редовен извор на бактерии и болести.
Слободно може да проверите во Санитарниот инспекторат колку пати биле во угостителско забавниот објект по поплака од затруени граѓани, а објектот е дел од салата.
Треба да се провери што направиле Масеви за спортот во Струмица и дали има некаков непотизам, брат му на Сашо Масев е спортски директор една од значајните спортски федерации во Македонија. Колку инвестирале и каде??
За да ги задоволат можните криминални шеми, дадена е концесија, но не е ништо инвестирано, напротив, салата се распаѓа и се расподава.
Можеби е подобро да бидеме достојни домаќини на друга локација е реакцијата на неколку граѓани кои револтирано се обратија до редакцијата на Инфомакс.
Редакцијата на Инфомакс ќе ја истражи оваа реакција и ќе постави прашања до надлежните дали постои основ за одземање на концесијата, односно дали има време салата да биде достојна за пречек на гостите и тимовите од европскиот куп.
Во продолжение повеќе фотографии од ужасната состојба од салата:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Леброн, Халанд, Тоти, Нејмар, Крис Пол: Светските…
Србија горда, Новак Ѓоковиќ успеа да го…
(Видео) Белград, Бања Лука, Косово, Чикаго: Со…
Развиорени знамиња со автомобилски сирени по улиците…
Алкараз низ солзи: Дадов сѐ од себе,…
Имав свои шанси, но не ги искористив.…
(Видео) Контроверзната алжирска боксерка стигна до олимписки…
Алжирската боксерка Имане Калифа стигна до медалот…
ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прво барал рушвет, па сега…
Новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица,…