(Фото) Сообраќајка вечерва во Битола – Граѓаните револтирани: Еден невин живот може многу да не чини!

t

Вечерва во Битола се случила сообраќајна незгода во која учествувале две возила, од кои едното се превртело. Според првичните информации, полицијата е на терен и врши увид, а засега нема официјални податоци дали има повредени или загинати лица.

Фотографии од местото на несреќата веќе кружат по социјалните мрежи, а загрижени граѓани бурно реагираат на случувањето, повикувајќи на одговорност и построги казни за несовесните возачи.

„Десеттиот дел на ‘Брзи и бесни’ вечерва продолжи со снимање низ битолските улици. Деца, берете ум – Битола не е град за трки и беснеење. Еден невин живот можи многу да не чини, сите имаме деца по улици, дали пеш или со точаци“, велат граѓаните на Фејсбук.

Граѓаните бараат институциите конечно да преземат поостри мерки и да воведат повисоки казни за предизвикување сообраќајни незгоди, наместо, како што велат, „сè да се решава со европски“.

„Кој е крив нека си плати минимум 500 и повеќе евра, без разлика дали е полесна или потешка сообраќајна незгода“, се вели во објавата на Фејсбук.

Од полицијата се очекува повеќе детали по завршувањето на увидот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…