(Фото) Сопругата на Новак Ѓоковиќ со емотивна објава: Единствениот закон кој сите треба да го почитуваме…
Српскиот ас Новак Ѓоковиќ не е вакциниран против коронавирусот, а без примена вакцина не можеше да влезе во Австралија. Тенисерот се обидел да влезе во земјата со докази дека не може да ја прими вакцината, неуспешно. Неговата сопруга Јелена, конечно проговори за ситуацијата.
На најдобриот тенисер на светот му беше укината визата по пристигнувањето во Австралија бидејќи, според тамошните власти, немал примено вакцина или ниту имал легитимно медицинско ослободување.
По бројните реакции на социјалните мрежи од револтираните обожаватели на Ѓоковиќ, се огласи и неговата сопруга Јелена.
„Среќен Божиќ на сите кои го слават денес! Мир Божји! Сакам сите да бидат здрави, среќни, безбедни и со семејствата. Посакувам моето семејство да беше заедно денес, но утеха ми е што сме барем здрави. Ќе го надминеме ова. Ви благодарам драги луѓе ширум светот што го искористивте вашиот глас за да испратите љубов и поддршка до мојот сопруг. Дишам длабоко за да се смирам и да најдам благодарност (и разбирање) за се што се случува сега. Единствениот закон кој сите треба да го почитуваме без разлика каде сме е љубовта и почитта кон другите луѓе. Љубовта и простувањето никогаш не се грешка, туку моќна сила“, порача Јелена Ѓоковиќ.
Да потсетиме, тенисерот пристигна во Мелбурн во средата, но по седум часа минати на аеродромот не доби виза за влез во земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во цел свет: Откажани се летови,…
Голем број компании, банки, медиуми и авиокомпании…
Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…
Путин: Русија ќе продолжи да ја јакне…
Русија планира да продолжи да ја развива…
Јелена Карлеуша пресметала колку ќе живее: „Имам…
Поп-ѕвездата е една од најинтригантните јавни личности…
Рано утрово Душко ја фатил за коси…
Рано утринава околу 5 часот српската пејачка…