(Фото) Со карта од етничка Македонија и порака “Ние не сме Срби, ниту Бугари, туку просто Македонци” Рускиот центар одбележа 120 години од формирањето на Македонското научно-литературно друштво
Рускиот центар во Скопје сподели фотографија од списанието “Македонски глас” потсетувајќи дека на денешен ден во 1902 година во Санкт Петербург е основано Македонското научно-литературно друштво.
На фотографијата од списанието која ја објавија има карта од етничка Македонија и цитат од Борис Сарафов кој вели:
“Ние Македонците не сме Срби, ни Бугари, туку просто Македонци. Ние ги симпатизираме и едните и другите, кој ќе не ослободи, нему ќе му речеме благодарам, но Србите и Бугарите нека не забораваат дека Македонија е само за Македонците”.
– На денешен ден во 1902 година во Санкт Петербург официјално е основано Македонското научно-литературно другарство.
На докуменот за неговото основање има 19 потписници, меѓу кои и Крсте Петков Мисирков, Димитрија Чуповски, Дијамандија Трпков Мишајков, Стефан Јакимов Дедов, д-р Гаврил Константинович.
При основањето го носи патронатот на свети Климент Охридски, а од 1903 г. на Кирил и Методиј.
Прв привремен претседател бил Дијамандија Мишајков, а од почетокот на 1903 година па до 1917 година, тоа место го заземал Димитрија Чуповски. На 12 ноември 1902 година до Руската влада и до Советот на Санктпетербуршкото словенско благотворно братство, Македонското научно-литературно другарство испратило Меморандум, што всушност претставува прва национална програма во која се бара признавање на Македонците како посебна нација и народ, со посебен македонски јазик и култура, со своја црква, во границите на Турција.
И покрај противењето на другите балкански друштва во Русија, сепак, Советот на Санктпетербуршкото словенско благотворно братство го признало Македонското научно-литературно другарство како рамноправен член на Советот. За таа цел му дало простории во кои другарството би можело да одржува редовни состаноци и советодавни седници.
Од денот кога Советот на Санктпетербуршкото словенско благотворно братство го признало Македонското научно-литературно другарство доаѓала константна помош од руските организации од овој тип. Во Русија се печателе книги, брошури, летоци, кои ја објаснувале улогата, задачата и целта на МНЛД. Особено значаен е фактот што во Македонското научно-литературно другарство со помош на Советот на Санктпетербуршкото братство била создадена првата книга на современ македонски литературен јазик со фонетски правопис. Станува збор за книгата на Крсте Петков Мисирков „За Македонцките работи“. – напишаа од Рускиот центар на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…
Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и…
Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и…