(Фото) Со службено возило зема невеста од Косово и затвори цел граничен премин – Да не го мислите спикерот, убаво си поминал на свадба

t

Да не го смислите спикерот Гаши, убаво си поминал на свадба, барем според фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи.

Инфомакс вчера објави дека претседателот на Собранието, Африм Гаши, со службено возило одел по невеста од Косово, а не само што е злоупотребено службеното возило во државна сопственост, туку блокиран бил и целиот граничен премин Блаце, за свадбарите да можат на раат да го поминат преминот.

И покрај реакциите на јавноста спикерот Гаши и друштвото се доволно дрски да споделат и фотографии од свадбата, за која беше злоупотребено возило на Република Македонија.

Како што можете да видите, Гаши си поминал супер, а и како да не си помине кога на државен трошок донесе невеста од соседна држава.

Службените возила се употребуваат со патен налог, особено во ваква ситуација каде се излегува надвор од државата, а во налого функционерот треба да образложи зошто е употребено возилото, за која намена, колку време траело патувањето и колку тоа нѐ чини сите нас.

Либерално-демократската партија денеска изрази загриженост од континуираното непристојно однесување и злоупотреба на службената положба на претседателот на Македонското Собрание, Африм Гаши.

„Откако неговото обезбедување неодамна успеа да предизвика меѓународен инцидент на Скопскиот аеродром при посетата на косовската претседателка, Вјоса Османи, денеска Гаши повторно е во главна улога, овој пат како сват по невеста, со службено возило во свадбарска колона во соседно Косово.

Прашуваме, дали господинот спикер, Африм Гаши, носел со себе патен налог и поседувал официјална документација за да може да оди по невеста со службено возило надвор од државата? Ако имал, бараме образложение по кој основ е издаден тој налог, за која намена, во кое времетраење и нормално, колку сето тоа нѐ чини нас, од чии даноци и се одржуваат возилата и државниот возен парк.

ЛДП апелира да престане „каубојското“ однесување на одредени службени лица, претставници на институциите во државата и наместо да мафтаат со пиштоли по аеродроми и да одат на свадби во соседството со службени возила, да седнат и да сработат нешто за доброто на граѓаните и државата. Со единствена цел: спречување на злоупотребата на државните возила, ЛДП предлага сите службени возила да бидат видливо и јасно обележани (како такси возилата во Град Скопје) или сите да бидат бојадисани со иста боја.

Само така, со носење на ваква конкретна мерка ќе може да се намалат злоупотребите во иднина, истовремено намалувајќи го и беспредметното трошење на буџетски средства за приватни и лични намени“, соопштија од ЛДП.

Во случајов, вицепремиерот за добро владеење, кој не знае македонски јазик, би требало да го опомени функционерот и треба да го извести премирот и да бидат преземени соодветни мерки.

Би требало да реагира и Државната комисија за спречување на корупција, како што реагирала во многу наврати претходно, а би можеле еднаш и коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ да го прекорат и санкционираат Африм Гаши, на кого ова не му е прв инцидент.

Претходно Инфомакс ексклузивно објави дека Гаши го испратил своето обезбедување на скопскиот аеродром за да ургира за Вјоса Османи да го помине скопскиот аеродром без проверка на багажот. Тогаш обезбедувањето на Гаши со репетиран пиштол на глава им се заканувало на македонските полицајци, а за настанот одговорност (веројатно) ќе понесе службеникот од МВР кој му е обезбедување на Гаши, но спикерот и понатаму останува недопрен за неговото шерифско однесување.

Во двата случаи Африм Гаши ја злоупотребува службената положба и овластување, но никој не собра храброст да реагира. Ниту МВР поднесе кривична пријава, ниту Мицкоски или Максим Димитриевски, или било кој друг од владејачкото мнозинство реагираше.

Епа народе, плативме и за да земат невеста од Косово, како што плативме прошетка во Вашингтон, па нека се гоштеваат од наш џеб кога никој не мрда со прст…

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Со службено возило зема невеста од…

Да не го смислите спикерот Гаши, убаво…

(Видео) СКАНДАЛ: Плативме и за невеста од…

Злоупотребата на службени автомобили останува пракса во…

Пронајдено оружје користено при нападот во Бањска…

Косовската полиција објави дека денеска во Бањска…

Османи распиша парламентарни избори во Косово

Косовската претседателка Вјоса Османи најави редовни парламентарни…

Османи: Изјавите на портпаролот на Европската Унија…

Косовската претседателка смета дека евентуалните разговори со…