Објавено на:

(Фото) Спонтани собири по вчерашната трагедија во Белград: Се бараат оставки

t

Неколку стотици граѓани синоќа се собраа пред основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар каде беа убиени осум ученици и еден чувар, а на Цветниот плоштад, кој се наоѓа во близина на училиштето, се собраа неколку илјади луѓе.

Потоа повеќе илјади лица спонтано дојдоа во Министерството за образование, каде бараа оставка од министерот за образование Бранко Ружиќ.

На Врачар граѓаните им оддадоа почит на жртвите, положија цвеќе, запалија свеќи и оставија играчки. Вакви собири за убиените деца беа одржани и во Нови Сад, Ниш, Крагуевац и други градови во Србија.

Министерот за образование Бранко Ружиќ вчеравечер изјави дека никој не очекува инциденти како нападот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, но дека министерството и државата во иднина секојдневно ќе преземаат мерки за спречување на вакви настани.

Министерот повтори дека немало пропусти во системот и додаде дека здравството и внатрешните работи и образовниот систем реагирале навремено.

-Тоа е она што е парадоксално. Ова е единствен случај, има многу случаи во кои има празнини во системот кога зборуваме за класично врсничко насилство, дигитално насилство, вербално насилство и други – рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спектакуларен дочек на српските олимпијци во Белград

Српските спортисти кои се вратија со медали…

Вучиќ на средба со српските олимпијци: Се…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва ги…

(Видео) „Македонско девојче“ ечеше на прославата на…

„Македонско девојче“ беше една од песните со…

Дачиќ: МВР овозможи непречено одвивање на железничкиот…

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица…

Вучиќ најави обраќање во 11 часот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе им…