(Фото) Тошковски излажа: Повторно хаос пред „Пролет“
Пред „Пролет“ ништо ново. И денеска редица граѓани чекаат за замена на личните документи, иако министерот Тошковски во неколку наврати зборуваше дека проблемот е решен и дека сега веќе нема со часови да се чека за лични документи.
Читатели на Инфомакс испратија фотографии од гужвата пред „Пролет“.
Претходно дополнителниот заменик-министер Митко Бојмацалиев истакна дека проектот „Земи бројче“ кој започна да се спроведува во Куманово е истиот проект „прв дојден, прв услужен“ кој функционираше во „Пролет“, а Тошковски го укина.
„Денеска во Куманово е пуштен пилот проект прв дојден прв услужен би кажал, со земање на соодветно бројче. Инаку, тој проект е разговаран помеѓу двајцата поранешни министри за информатичко општество и внатрешни работи, не е сега договорен. Убаво е што стартуваше тој проект. Како што споменавте, тоа е нешто исто како во „Пролет”, прв дојден, прв услужен, кој за жал од страна на ова раководство од министерот беше укинато и повеќе не е во функција. Уште еднаш се потврдува тезата дека тој проект бил добар со отвoрањето на ова во Куманово. Инаку управните служби се во одлична кондиција таму, бидејќи се реновирани и пуштени во употреба во овој мандат”, рече Бојмацалиев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…
„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…
(Фото) Тошковски излажа: Повторно хаос пред „Пролет“
Пред „Пролет“ ништо ново. И денеска редица…
Бојмацалиев за ПС „Пролет“: Што сменија? Само…
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко…
Шалтерите за издавање готови документи во МРТВ…
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните…
Продолжен притворот за осомничените за убиството на…
Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…