(Фото) Трајановски: Вечерва оддадовме почит на сите волонтери кои помагаат каде што е најпотребно
Заменик-градоначалникот на Скопје, Александар Трајановски, вечерва заедно со Црвен крст го одбележа Светскиот ден на волонтерството.
– Имав особена чест и задоволство на одбележувањто на Светскиот ден на волонтерството – 5 декември во организација на Црвен крст, што се одржа на плоштадот „Македонија“, под мотото „Солидарност преку волонтирање!” да го доделам признанието за еден од најистакнатите волонтери годинава, Г-дин Роберт Раман.
Вечерва оддадовме почит на сите волонтери на Црвениот крст кои се активно вклучени со пожртвуваност и посветеност да помогнат онаму каде што е најмногу потребно и испративме силна порака за важноста на волонтерството и солидарноста.
Градот Скопје и Црвениот крст имаат одлична соработка низ бројни програми и активности за грижа на ранливите категории граѓани и обезбедување помош онаму каде што е најпотребна.. – напиша Трајановски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…